Вести Македонија

Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во државава

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. Исто така и јас сакам да го осудам. Навистина непримерно е човек којшто е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин. Вчера ние имавме чин на отворање на Бугарски културен центар така како што личи во Скопје со министер за култура дојден, со нашиот министер за култура, на ист начин како што сум кажал дека и ние ќе отвориме Македонски културен центар во Благоевград каков што имаме отворено и во Софија, рече Ковачевски при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип.

Дополни дека такви политичари воопшто не се пожелни во нашата држава.

Такви политичари како тој вчера, има уште еден кој што мене видеа ми правеше, можам слободно да кажам дека воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи освен ширење на немир, освен ширење на нетрпение помеѓу граѓаните на двете држави само заради свој политички интерес, бидејќи тие немаат никаква друга политичка агенда освен да добиваат некакви ситни политички поени на провокација на чувствата на нашите граѓани, такви политичари воопшто не се пожелни лично за мене во нашата држава и воопшто не мора да доаѓаат тука, нагласи Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Дејан Дејан

Махмуд Абас со декрет најави формирање на нова палестинска влада- врвен приоритет ставање крај на војната во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе