Хејли и Џастин Бибер чекаат бебе: Парот ја објави среќната вест на Инстаграм

453

Манекенката Хејли Бибер и нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер на Инстаграм објавија дека наскоро за прв пат ќе станат родители. Нивната објава предизвика бура од коментари.

Хејли и Џастин беа многу отворени за желбата да имаат деца.

Хејли зборуваше за основање семејство уште во 2021 година.

„Отсекогаш знаевме дека сме во склад со она што го сакаме во нашата иднина“, изјави таа за ELLE.

„Разговаравме дека сакаме да се венчаме млади и да имаме семејство и да изградиме живот. Уште пред да знаеме дека сакаме да бидеме еден со друг“.

Хејли и Џастин станаа родители шест години откако го кажаа судбоносното „да“.