Во „Изборен Маратон“ на ТВ21, политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели дека „националистичкиот набој,националистичката енергија која се прелеа низ улиците од телевизиите и нивните водени кампањски реторики мислам дека граѓаните ги стави во кондиција да го зголемат своето учество на овие парламентарни избори“.
– Стравот и на едните и на другите гласачи од двете предвидени коалиции кои нивниот концепт морам да кажам со голем националистички набој особено во последните неколку денови па и седмици од официјалната кампања беше веќе создаден еден вид и на за жал, за моја лична жал и за огромен број од граѓаните на Македонија дури се користеше и воинствена реторика од двете условно кажано судрени страни од главната опозициска партија и главната доминантна етничко албанска политичка владејачка партија и тој судир на тие два концепти каде што не се бираа и зборови се употребуваа и воинствени реторики и да кажам националистичкиот набој, националистичката енергија која се прелеа низ улиците од телевизиите и нивните водени кампањски реторики мислам дека граѓаните ги стави во кондиција да го зголемат своето учество на овие парламентарни избори, вели Благојче Атанасовски на ТВ21.