Смилковски, тренерот на ТФТ Моцарт: Максимално сме мотивирани за наредните предизвици

Кошаркарите на ТФТ Моцарт по настапот во АБА 2 лигата успешно се вратија на домашните обврски.

Откако пред два дена очекувано го совладаа Кожув, кошаркарите од „Тафталиџе“, сега се насочуваат кон саботниот првенствен меч со Гостивар и веднаш потоа на завршницата од Купот во Битола.

Тренерот, Боро Смилковски, вели дека е дојдено време да се прекине лошата традиција на теренот на гостиварци и најавува големи амбиции за завршницата на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ што ќе се одржи во салата „Боро Чурлевски“.

-Навистина е тешко да се задржи добар ритам за краток период посебно што имаме и одредени проблеми во ростерот. Се надевам дека по трите порази на досегашните гостувања во Гостивар, конечно ќе успееме да победиме.

Што се однесува до Купот, во четврфиналето не’ чека пресметката со градскиот ривал, Работнички, кој добро го познаваме и го респектираме. Нема да кријам дека нашите амбиции се да влеземе во наредниот круг, па и да се бориме за трофејот, изјави Смилковски , за Спортско радио 90,3 ФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО