Поврзете се со нас

Шпанија

Македонец на врвот: Димитриевски испиша историја со настапот против Гранада (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Рајо Валјекано оствари херојска победа над Гранада во натпревар кој речиси цело време играше со играч помалку, а оваа средба вечно ќе остане и во сеќавање на Столе Димитриевски кој по се изгледа ги брои последните денови во мадридскиот клуб.

Рајо дојде на чекор од опстанок со победата од 2:1 и потребен му е само бод за математички да обезбеди место во елитата, нешто што може да се случи и доколку Кадис не победи на еден од следните два меча во завршните две рунди.

Играчите од мадридското предградие најважната работа ја завршија вчеравечер со триумф над отпишаната Гранада, но овој меч му овозможи на Столе да испише и уникатна историја кога е во прашање Рајо.

Македонскиот репрезентативец стана голманот со најмногу одиграни натпревари во историјата на Рајо Валјекано, надминувајќи го легендарниот Вилфред Агбонавбаре чиј рекорд датираше од крајот на 90тите години на минатиот век.

Столе до вчера имаше ист број на настапи со популарниот Вили (189), но Македонецот против Гранада по 190-ти пат настапи за Рајо и сега е прв на вечната листа пред Агбонавбаре и Педро Валентини Мора кој има собрано 168 настапи за Рајо.

Ова е само уште една потврда колку долго е Столе стандареден како прв голман на Рајо, а рекордот има уште поголемо значење ако се знае дека тимот постојано се натпреваруваше во шпанската Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни