Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска покажа сила по почетниот шок, па и одржа фудбалска лекција на Канада (Видео)

Објавено

на

Хрватска на најлош можен начин го стартуваше мечот против Канада, но го заврши во голем стил и со демонстрација на моќ против селекцијата која игра на мундијалите по пауза од 36 години.

Алфонсо Дејвис ќе остане запишан во историјата како првиот играч кој постигнал гол за Канада на светските првенства, а иако истиот пристигна по 65 секунди игра, тоа не ги шокираше во целост фудбалерите на Златко Далиќ.

Вистина е дека Хрватите имаа период во кој мораа да се приберат од почетниот удар, но од 30-та минута до самиот крај на мечот, ја контролираа играта во секој поглед и само покажаа зошто се актуелни вицешампиони.

Крамариќ израмни на 1:1, Ливаја брзо стрелаше за 2:1 и со овој резутлат се замина на пауза, а Хрватите не застанаа ниту во вториот дел.

Канаѓаните се заканија на стартот, но вториот гол на Крамариќ ги реши сите дилеми околу победникот, додека Мајер по една контра го потврди триумфот од 4:1 во судиското продолжение.

Ова е прва победа за Хрватска на мундијалот во Катар по почетното реми со Мароко, па сега доволен ќе и биде и бод против Белгија за пласман во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни