Поврзете се со нас

Англија

Силва го издвои клубот во кој сигурно ќе игра во иднина

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Бернардо Силва веќе седум години е дел од Манчестер Сити, период во кој дефинитивно имаше значајна улога во сите успеси на составот од „Итихад“.

Тој е „врзан“ со премиерлигашот до 2026 година, меѓутоа постојано некако се говори за неговата иднина и останува да се види дали ќе остане во сегашната средина и по крајот на актуелнава сезона.

Едно е јасно офанзивецот има зацртано план за во иднина, а тој е да се врати во Бенфика, клуб кој е негов матичен и од кој тргна неговиот пат кој преку Монако го доведе до синиот дел на Манчестер.

-Колку сум далеку од враќање? Мислам дека луѓето се малку уморни од тоа прашање. Помина долго време. Сигурен сум дека ќе се вратам, не знам кога, тешко е да потенцирам и да кажам дали е за две години, за три години, дали е следната година.

-Ама веќе кажав неколку пати и мислам дека на луѓето им здосади да го слушаат: без сомнеж животна цел е да се вратам во Бенфика, -порача Бернардо.

Пред неколку дена и Жоао Кансело изрази желба да се врати во Бенфика што значи „лисабонските орли“ можат да добијат квалитетни засилувања во наредниве години.

Кансело не исклучува сензационален трансфер претстојново лето: Чувствувам празнина кога го гледам мојот клуб

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни