Поп-пејачката Марија Шерифовиќ синоќа на 9 март пред белградската публика во Сава центар го одржа својот втор концерт.
Како и првата вечер, Шерифовиќ го започна концертот со краток говор во кој му се обрати на својот син Марио, кој е нејзината најголема радост.
Во текот на вечерта таа ги изведе своите најголеми хитови од кои има грст, а во еден момент се случи неочекувана сцена.
Публиката најмногу уживаше во нејзините песни, но имаше и такви кои нешто дофрлуваа и изразија незадоволство, поради што Марија накратко го прекина концертот и налутено му се обрати на дотичниот.
„Те молам, не ме прекинувај, ми оди тоа на нерви“, рече Марија, а потоа продолжи:
– Овде има различни генерации. Сакам најискрено да ви се заблагодарам што остаревте со мене, ви благодарам што сте тука. Ќе дадам се од себе следните 20 години да бидат уште позабавни – изјави пејачката, а потоа сакаше да ја најави колешката и пријателка Јована Пајиќ за свој специјален гостин, па повторно ги слушна дофрлувањата, па се сврте кон одредено момче:
„Мајке ми, бараш проблем“ – му рече таа.
фото: print Screen/Instagram