Поврзете се со нас

Свет

Митревски беше фантастичен и ја доби битката со Талески во Португалија

Објавено

на

Никола Митревски брани во извонредна форма и тоа го потврдува од натпревар во натпревар во дресот на Порто и тоа во најважниот дел од сезоната кога се води битка за пехарот во Португалија.

Порто има четири од четири во разигрувањето со тоа што последниот триумф беше забележан на гостински терен кај Бенфика со 34:29. Првиот дел мина во израмнета игра (14-14), но вторите 30 минути беа во знакот на Митревски и компанија кои со 20:15 направија разлика и дојдоа до важни бодови.

Македонскиот репрезентативец беше еден од клучните фактори за славјето со 14 одбрани, најефикасни беа Кристенсен и Магалаеш со по 6 голови.

На спротивната страна активен исто беше нашиот Филип Талески кој даде три погодоци.

Во следното коло Порто ќе ја пречека Брага, а Бенфика е домаќин на лидерот Спортинг.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни