РМФ ги промени термините за Ф4, Пелистер гневен на оваа одлука

Како што денеска објави РФМ, на барање на клубовите, направена е измена во распоредот на одигрување на завршниците на Купот на Македонија во женска и машка конкуренција.

Сепак, не се сите тимови задоволни од оваа промена. Од актуелниот шампион Е. Пелистер излегоа со соопштение дека се незадоволни бидејќи би имале ден помалку за одмор од Вардар или Алкалоид доколку успеат да се пласираат во финалето.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Е. Пелистер:

„РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет. За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и се прави непријатен исклучок каков што не е регистриран никаде во светот кога е овој тип на натпревари во прашање.
Со оваа одлука јавно прашуваме дали се навестува нерегуларна завршница или некоја екипа мора да го освои Купот на Македонија?
Нашето незадоволство го објавуваме јавно, бидејќи од претходните искуства научивме дека на писмено доставените прашања до Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) не добиваме никаков одговор“, стои во соопштението на битолчани. 

Машка конкуренција :
16.05.2024 19.30 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961
17.05.2024 19.30 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ПЕЛИСТЕР
19.05.2024 19.00 часот ФИНАЛЕ

Женска конкуренција :
16.05.2024 17.00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
17.05.2024 17.00 часот ЖРК ВАРДАР – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
19.05.2024 16.00 часот ФИНАЛЕ

Се вчитува...