Ливерпул има нов „пик“ за тренер

Откако не успеа со неколку тренери, меѓу кои и Чаби Алонсо и Рубен Аморим, Ливерпул се врти кон нов тренер. Според медиумите во Англија, сега прв пик на тимот од Енфилд е предводникот на Феенорд, Арне Слот.

Холандскиот тренер наводно бил високо заинтересиран да го води гигантот од „Енфилд“. Слот има скромно тренерско искуство. Го водеше тимот на Камбур во 2016/2017, а потоа во 2019/2020 и тимот на АЗ. Целосна афирмација доживува како тренер на Феенорд каде седнува на клупата во 2021 година.

Пред две години во својата прва сезона го предводеше тимот до финалето во Лигата на конференции, но во финалето во Тирана загуби од Рома. Ја освои титулата минатата сезона со Феенорд, а Купот во оваа сезона. Феенорд го водел на 146 меча, и има 64,3 процент на победи.

Ливерпул е во потрага по нов тренер, по објавата на Јирген Клоп дека ќе го напушти клубот по оваа сезона.

Се вчитува...