Бившиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зад себе остави илјадници Македонци без пасоши за време на неговиот долг мандат во МВР, објави „успешни приказни од Арачиново“.

– Успешни приказни на жителите на Арачиново – подготвени за уште една голема победа! За нашиот претседател Стево и за европска иднина!- објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Инаку, Спасовски е бивш министер за внатрешни работи со најдолг мандат, кој секојдневно на официјалниот профил на МВР објавуваше „успешни приказни од МВР“, а зад себе остави многу нерешени случаи на криминал, убиства и корупција, како и стотици илјади заробени државјани на Република Македонија, кои останаа без пасоши со новото име на државата, кое го смени СДСМ, партијата чиј потпретседател и носител на листа за пратеници на изборите е токму Спасовски.

(Д. Г.)