Аталанта победи во Џенова, Кетеларе постигна потенцијален гол на сезоната!

Фудбалерите на Аталанта ја победија екипата на Џенова нагости со 4:1, во 24. коло од Серија А.

Повторно во дресот на Аталанта и на овој натпревар, блесна Белгиецот Шарл Де Кетеларе, кој во овој триумф учествуваше со гол, односно бравура од погодок.

Тој во 22. минута, на додавање од соиграчот, изведе бравура, ја прими топката со десна нога, потоа се сврте и со левата ја смести во подалечниот агол на голманот на ривалите.

Ова несомнено ќе биде еден од кандидатите за гол на колото, а веројатно ќе биде и претендент за еден од најдобрите голови сезонава во Италија.

Тој два гола претходно му даде на Лацио, а запиша и две асистенции против Удинезе. Коло претходно стрелаше и против Фросиноне, а на сите натпревари на кои тој погодуваше, Аталанта впишуваше три бода.

Покрај Кетелар, стрелци за Аталанта беа Компајнерс, Запакоста и Туре.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО