Свет

Црна Гора го уапси поранешниот специјален обвинител

Рано утрово се уапсени поранешниот главен специјален обвинител Миливое Катниќ и поранешниот висок полициски функционер Зоран Лазовиќ.

Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство на Црна Гора.

,,Катниќ и Лазовиќ се лишени од слобода поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела:создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба”, соопшти портпаролот на Специјалното обвинителство.

Во тек е претрес на нивните станови и други простории во Подгорица, Цетиње, Будва и Бијело Поље, за да се откријат траги од кривичното дело и предмети кои можат да бидат корисни за постапката, најави портпаролот Радоњиќ.

На почеток