Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик.

Трајковаки загина во масакрот во Вејце во војната во 2001 година.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа од страна на припадници на албанската терористичка група УЧК и беа убиени а потоа зверски масакрирани и запалени.

Овој трагичен настан останува во срцата на многумина како потсетник на болката и загубата.

Мурал е изработен од членовите на Здружението Форма од Куманово, талентираните уметници  Младен Трендевски, Горан Стојанов, Дарко Трајковски и Дејвид Стоилковски (сограѓани на Бобан) и ќе биде спомен кој ќе не потсеќа на тоа што Бобан претставуваше како личност.

Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.