Ристовски во главна улога: Погледнете ја прославата на фудбалерите на Динамо Загреб (ВИДЕО)

Динамо Загреб за кој настапуваат и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми е блиску до одбрана на шампионската титула во хрватското првенство откако во дербито на 33. коло на тамошното првенство славеше со 1-2 на гостувањето кај Ријека и тоа со целосен пресврт во последните 15 минути од средбата.

Со победата тимот од главниот град на Хрватска стекна предност од четири бода пред второпласираната Ријека на врвот на табелата на три кола пред крајот на шампионатот.

Победата во дербито беше повод за големо славје на теренот, во соблекувалната и на улиците на Загреб, а денеска Динамо објави и видео посветено на натпреварот на кое може да се види и од дел од прославата каде главен во соблекувалната е токму Македонецот Ристовски.

Се вчитува...