ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дигитализацијата на услугите во земјава, десет години зад развиените земји

Дигитализацијата на услугите во земјава, десет години зад развиените земји

Македонија доцни повеќе од една деценија зад развиените земји во однос на обезбедување дигитални услуги за своите граѓани, и покрај фактот што процесот на дигитална трансформација започна пред 20 години. На доста ниско ниво се и малкуте услуги кои се нудат дигитално, додека во земјава се уште има институции кои немаат ниту компјутер. Универзитетскиот професор Марјан Гушев нагласува дека состојбата со процесот на дигитализација е сериозна, а проблемот е во немањето политичка волја.

Гушев вели дека надлежните треба повеќе да се заложат за подобрување на состојбата, бидејќи проблемот не е само во гласањето закони или објавување тендери.

Од друга страна, Европската комисија во однос на процесот на дигитализација, две години по ред и препорачува на Македонија да ја усвои Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија, но и Стратегијата за сајбер безбедност. Земјата треба да го усогласи и законодавството со она на ЕУ. Минатиот владин и парламентарен состав и покрај неколкугодишните ветувања, не го изгласа Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација со кој беше предвидено формирање на Дигитална агенција. Се очекуваше агенцијата да биде водечка институција во процесот на дигитализација на услугите, обука на граѓаните, но и заштита на институциите од сајбер напади, кои беа чести во изминатиот период./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button