Почина 13-годишното момче кое беше избодено од напаѓач кој дивееше во Лондон со мачета

112

Портпаролот на полицијата во Лондон Стјуарт Бел денеска изјави дека 13-годишното момче кое беше рането во нападот со мачета утринава во источниот дел на Лондон, починало во болница.

„Момчето беше пренесено во болница откако беше избодено и за жал почина кратко време подоцна. Целата полиција е со семејството на починатото момче“, изјави Бел за новинарите, пренесува Sky News.

Во денешниот напад повредени се вкупно пет лица – тројца цивили и двајца полицајци.