Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување и се формираа нови тротоарски површини и простор за запирање на возилата, потенцира Пецаков.

Градежните активности за реконструкција на улицата започнаа во септември минатата година. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет во вредност од 39 милиони денари.

OhridNews