Kонечна одлука – Мирослав Илиќ е биолошки татко на вонбрачниот син Девин

220

Судот во Белград – Правдата е задоволена

Мегапопуларниот фолк-пејач Мирослав Илиќ, според одлуката на Вишиот суд во Белград, ќе мора конечно да си го признае својот вонбрачен син за свое дете. И ако со години одбива, сепак сега како што вели оштетената мајка Мирјана Антоновиќ (неговата поранешна љубовница), правдата е задоволена. Таа е со години на суд со Мирослав Илиќ поради татковството на нејзиниот син. Мирјана ниту во едне момент не попушти дури и кога имаше вербални закани од Мирослав.

-Мирослав е биолошки татко на Девин.Тоа уште еднаш се докажа. Вишиот суд во Белград по втор пат одлучи во наша корист. Мирослав во медиумите изјави дека не разбира како судот може да донесе одлука дека е татко на Девин без негова согласност, а при тоа и да обезбеди ДНК. Кога маж користи и се крие зад застарен закон и одбива да ја даде својата ДНК, судот мора да одлучи врз основа на сведоци, слики и многу други докази.

На крајот на краиштата, Високиот суд по втор пат заклучи дека Девин и Мирослав се татко и син. Но, нема да верувате,  Мирослав повторно поднесе жалба до Апелациониот суд.  Се надеваме дека неговите судии во Апелациониот суд ќе бидат фер, ќе бидат луѓе и конечно ќе стават крај на празните манипулации на Мирослав, порачува храбрата Мирјана.