Забрането е новинарите слободно да се движат околу црквата Св. Спас

Во црквата е дозволен влезот на фоторепортерите и на снимателите, но само еднаш – ако влезат нема излегување до завршување на доаѓањето на делегациите, објави МКД.

Владата продолжува да го ограничува движењето и работата на новинарските екипи кои од утрово се дојдени пред црквата „Свети Спас“ во Скопје на одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Како што претходно беа известени медимуите дека станува збор за настан од висок ризик, новинарите треба да бидат на платото пред црквата „Св. Спас“, додека снимателите и фотографите внатре, но само еднаш – ако влезат нема излегување до завршување на доаѓањето на делегациите.