(ФОТО) Екипите на Електродистрибуција од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти

0
115

Екипите на Електродистрибуција од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови.

Тие се уште работат на отстранување на вчерашните и ново настанатите дефекти од утринава.

Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање.

ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија.

 

извор: Канал 5