Дури и фудбалерот на Реал признава дека нивната победа кај Лајпциг е спорна

Реал Мадрид по првиот меч од осминафиналето во ЛШ, има минимална предност во реваншот против екипата на Лајпциг.

Натпреварот беше доста интензивен и имаше што да се види во него, а Реал ја однесе победата, која сега и самиот Тони Крос, признава дека е малку спорна, затоа што верува дека имало гол за Лајпциг.

Лајпциг постигна гол во втората минута од натпреварот, но истиот беше поништен поради наводен офсајд, кој веројатно и не беше офсајд.

Главниот судија Ирфан Пељто се потпре на проценката на колегите во ВАР собата, не сакаше сам да се увери во исправноста на донесената одлука, која реално беше сомнителна, па реши дека тоа е офсајд и дека голот не важи.

Дека одлуката беше погрешна, се согласува и Тони Крос, кој верува дека тоа било гол за фудбалскиот клуб Лајпциг.

– Голманот во такви ситуации никогаш не ја допира топката, тоа беше регуларен гол, требаше да биде признаен од судиите, порача Тони Крос по натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО