Top Sport

Надал му кажа збогум на Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал емотивно се прости од Мастерсот во Мадрид, за кој истакна дека му бил е поважен од Грен слем турнирите.

Надал во третото коло загуби од Јиржи Лехечка (5:7, 4:6) и го одигра последниот професионален меч во шпанската прстолнина.

„Ова е шега, се враќам следната година“, го започна својот говор Рафа и ја насмеа публиката која најмногу плачеше.

„Тежок ден за мене, но животот и телото ми испратија сигнали дека е вистинското време. Можам само да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа во кариерата во одреден момент. Се надевам дека успеав да бидам добар пример за новите генерации. Тоа е поважно од титулите. Се надевам дека предизвикав позитивни емоции. Единствено што можам да кажам е благодарам”, изјави Рафа.

Тој призна дека не е сигурен дали ќе може да игра на Ролан Гарос, но дека ќе биде во Рим.

„Сакам да играм во Рим. Ќе работам напорно за тоа да се случи. Тоа е еден од најважните турнири во мојата кариера, го освоив 10 пати”, изјави Надал.

Scroll to Top