Почина фудбалерот кој беше херој на Германија во финалето на СП 1974 година

Иконата на германскиот фудбал, Бернд Холценбајн, почина на 78-годишна возраст по долга борба со деменцијата.

Холценбајн е најдобар стрелец во историјата на Ајнтрахт Франкфурт. На 420 натпревари во Бундеслигата, тој постигна 160 гола, а беше херој на германската репрезентација во финалето на Светското првенство кое се одржа 1974 година.

 

Холценбајн во финалето се избори за пенал, со кој Германија израмни на 1:1 против Холандија, а потоа благодарение на голот на Герд Милер, поведе со 2:1 и ја освои втората светска титула.

Холценбајн е шести фудбалер кој почина, а е дел од славната германска генерација која триумфира на СП 1974, пред него починаа и Герд Милер, Франц Бекенбауер, Јирген Грабовски, Хорс-Дитер Хетгес и Хајнц Флохе.

 

Холценбајн со Ајнтрахт во 1980 година триумфира во Купот на УЕФА, а трипати го има кренато пехарот во Купот на Германија (1974,1975,1981).

По играчката кариера, Холценбајн се врати во Ајнтрахт, каде што беше и потпретседател и тренер на тимот и ќе остане запаметен како креатор на супертимот со Уве Бејн, Ентони Јебоа, Андреас Мелер, Мауриио Гаудињо и Џеј-Џеј Окоча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести