Поврзете се со нас

Свет

Веќе нема криење: Првиот човек на бразилскиот фудбал отворено проговори за Анчелоти

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти веќе некое време се поврзува со бразилската фудбалска репрезентација и најголем дел од ѕвездите на оваа селекција веќе отворено говореа за евентуалното пристигнување на Италијанецот, кој најверојатно за својата иднина ќе одлучува по крајот на сезоната.

Дон Карло е прво име на списокот на „кариоките“ и тоа веќе некое време се пишува во јавноста во Бразил, а сега доби потврда и од првиот човек на Федерацијата, Едналдо Родригес.

– Се надевам дека до интернационалниот прозорец во месец јуни ќе го добиеме тренерот кој го сакаме и дека ќе можеме да отпочнеме една победничка етапа која ќе трае со години.

– Нема што да се крие, Анчелоти е фаворит на самите играчи во Бразил, но и на навивачите. Каде и да одам во Бразил, на било кој стадион, сите ме прашуваат за Анчелоти.

– Имам верба во Бог и се надевам дека се ќе излезе како што треба. Ќе видиме дали ќе може да ја конкретизираме работата во брзо време, – изјавил првиот човек Родригес пред пријателскиот меч со Мароко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни