Хрватот по инцидентот во Трабзон нема намера да остане во Турција, следна дестинација му е Саудиска Арабија

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ во редовите на Фенербахче пристигна како големо засилување, но беше еден од нападнатите фудбалери на хаосот кој се случи по гостувањето кај Трабзонспор. По инцидентот, тој веднаш го напушти Истанбул и најави дека нема намера да се врати, но според турските медиуми, тој до крајот на сезоната ќе остане на голот на Фенербахче, а потоа ќе следува трансфер во Саудиска Арабија.

Ливаковиќ е разочаран од случувањата во турскиот фудбал и хаосот кој се случи, кога тој беше удрен, а неговите соиграчи нападнати со остри предмети, па само боречките вештини на Осаији и Батшуаји спречија веројатно да има и жртви.

Сепак, и покрај ова, Фудбалскиот сојуз на Турција покрена дисциплинска постапка против петмина фудбалери на Фенербахче бидејќи влегле во физичка пресметка со навивачите, иако тие само ги бранеле своите животи и животите на останатите актери на теренот. Од Фенербахче најавија дека доколку и само еден фудбалер биде казнет, тие ќе истапат од натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести