Breaking News

САД: Турските компании кои ќе ги прекршат санкциите може да бидат казнети


САД последните денови испратија предупредување до Турција да не извезува во Русија хемикалии, микрочипови и други стоки што би можеле да се користат за воените напори на Москва во Украина, истакнувајќи дека турските компании или банки кои ги прекршуваат санкциите може да бидат казнети.


Британските медиуми пренесуваат дека високиот претставник на американското Министерство за финансии, Брајан Нелсон, вчера и завчера ги посетил турските владини претставници и луѓето од приватниот сектор за да ги повика на поголема соработка за ова прашање.


Во своето обраќање до турските банкари, Нелсон истакна дека долгорочниот раст на извозот на турски стоки во Русија претставува ризик за угледот на Турција и ја спомена можноста од санкции и губење на пристапот до пазарите на земјите од Г7.

На состаноците во Анкара и Истанбул, Нелсон и неговата делегација изразија загриженост за извозот од десетици милиони долари во Русија, изјави висок американски функционер, кој побара да остане анонимен.


Турција, членка на НАТО, се противи на сеопфатни санкции против Русија, но тврди дека санкциите не се и нема да бидат заобиколени во Турција.

Во исто време, Анкара бара од Западот да обезбеди какви било докази за кршење на санкциите против Русија од страна на Турција. сд/