Top Sport

Јувентус најде замена за Влаховиќ?

Челниците на Јувентус внимателно го скаутираат напаѓачот на Баер Леверкузен.

Трансферот на Бонифејс во Јувентус може да биде реализиран само под еден услов, во Торино треба да пристигне богата понуда за Душан Влаховиќ.

Бонифејс постигна 16 гола оваа сезона и има девет асистенции на 25 натпревари во својата прва сезона со „фармацевтите“, кои во наредното коло имаат можност математички да ја обезбедат првата титула во Бундес лигата.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е заинтересиран и за напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе. Според овие извори Холанѓанецот, доколку Влаховиќ остане во клубот, би бил партнер во нападот со Србинот, односно играл на местото на Федерико Киеза.

Сигурно е дека од наредната сезона во Јувентус нема да бидат Аркадиуш Милик и Мојс Кин, како и Самуел Илин Јуниор, за кого интерес покажаа Тотенхем и Фулам.

Scroll to Top