Search

Проруските сепаратисти целосно го опколиле Лисичанск

Чеческиот лидер Рамзан Кадиров денеска на својот канал на Телеграм напиша „Лисичанск е наш”, со што навести дека и последниот град во регионот на Луганск што беше под контрола на украинските сили падна во рацете на прорусите сепаратисти.

Тој информираше дека единиците под команда на помошник шефот на Чеченската Република, Апта Алаудинов, и вториот корпус на Народната милиција на ЛНР минале низ целиот град и стигнале до самиот центар на Лисичанск.

Други дивизии на сојузничките трупи, исто така, успешно влегле во градот од страна, ослободувајќи населба по населба и уништувајќи ги припадниците на украинските сили.

Цивилите, наведе Кадиров, останаа во градот бидејќи „украинските војници не им дадоа шанса да го напуштат градот”.

Проруските сепаратисти претходно денеска потврдија дека целосно го опколиле клучниот град Лисичанск, во источниот регион Луганск.

-Денеска народната полиција на Луганск и руските сили ги окупираа последните стратешки височини, што ни овозможува да потврдиме дека Лисичанск е целосно опколен, изјави портпаролот на сепаратистичките сили Андреј Марочко за Тасс.

Заземањето на градот ќе им овозможи на Русите подлабоко да навлезат во поширокиот источен регион Донбас, што стана фокус на нивната офанзива откако не успеаја да го освојат Киев.

Русија пред неколку дена ја окупираше рафинеријата во Лисичанск. Рафинеријата се наоѓа на нешто повеќе од 15 километри од самиот град.

Треба да знаете
Последни објави