Реал Мадрид и Лукас Васкез продолжуваат заедно

Реал Мадрид и пред самиот крај на сезоната ќе започне со продолжување на договорите на дел од фудбалерите, пренесуваат шпанските медиуми. А, прв кој ќе добие нова доверба ќе биде Лукас Васкез.

Фудбалерот кој е дете на Реал Мадрид и настапува во сениорскиот дрес на „кралскиот клуб“ од 2015 година и самиот сака да го продолжи договорот па очекувањата се дека преговорите ќе бидат само симболични.

Триесетидвегодишниот Васкез досега настапи на 345 натпревари за Реал Мадрид на кои забележа 35 голови и 63 асистенции, притоа освојувајќи се што може да се освои.

Се вчитува...