Стоилковска ја елиминира првата носителка во Шарм Ел Шеик

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска денеска приреди изненадување на фјучрсот во Шарм Ел Шеик, каде во три сета ја елиминира првата носителка на турнирот.

Стоилковска преку квалификациите влезе на главниот турнир, а во денешната пресметка остана на теренот речиси три часа и со голема борбеност ја победи Адитија Карунаратне од Хонг Конг.

Противничката го доби првиот сет со 6:2, но Стоилковска возврати со 6:4, за последниот сет да донесе драматичен тај-брејк, во кој подобро се снајде Македонката.

Стоилковска го продолжува настапот во осминафиналето, а таму ќе се сретне со Италијанката Џулијана Бестети, која има нешто подобар рејтинг од нашата тенисерка.

Турнирот во Египет се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Претходна вестНова провокација: Знамиња на Албанија и УЧК поставени на црквата „Свети Атанасиј“ и Калето во Тетово
Следна вестНајчевска: Од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи, ако веќе се става на црна листа пред избори, зошто тоа не се луѓе од ДУИ