Каков е патот на Брегалница до опстанок во Првата лига?

Остануваат уште пет кола до крајот од тековната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, со што ќе биде спуштена завесата.

Во игра остануваат уште 15 бодови, а останува и понатаму густо во долниот дел од табелата од елитата на Македонија.

Засега најпечена екипа за испаѓање е Македонија ЃП, иако според бодовите кои се во игра и понатаму „лавовите“ може да се борат за опстанок.

Штипска Брегалница е претпоследна со 26 бодови и ќе има навистина тежок предизвик да се избори за опстанок, па макар тоа било и баражот.

Но, каков е патот на Брегалница до опстанокот и каде може да освојува бодови до крајот штипскиот прволигаш.

Веќе овој викенд Брегалница ќе гостува во Охрид кај Воска Спорт, тоа ќе биде повеќе од тешко гостување на штипските „сини“ бидејќи играат против екипа која исто така се бори за опстанок, а по победата над Вардар, сега охриѓани направија огромен чекор напред кон опстанокот.

Потоа во вонредно коло на 1. мај во Штип доаѓа Вардар, тоа ќе биде директен дуел можеби и за баражот на Брегалница и Вардар каде и двете екипи ќе бидат без право на грешка.

Потоа за Брегалница следува гостување во Турново каде на „Кукуш“ ќе игра против Брера Струмица. Потоа во претпоследното коло Брегалница одново ќе гостува, тоа значи дека „сините“ на Трајче Сенев ќе имаа две гостувања едно по друго.

Во претпоследното коло Брегалница ќе гостува кај Македонија ЃП, ова ќе биде можеби и пресуден меч за Брегалница, ако претходно одигра толку добро да собери бодови макар за бараж.

Во последното коло Брегалница на домашен терен ќе игра против Силекс, останува само да видиме дали тоа ќе биде натпревар каде Брегалница ќе се прости од Првата лига пред својата публика и верната „Фаланга“, дали тоа ќе биде меч каде со три бода Брегалница може до бараж или до опстанок.

Многу математики, но само пет натпревари и 15 бодови.

Александар Ванев, М-Нет