Мицкоски од Чешиново Облешево: Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат

Од:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Чешиново-Облешево во рамките на претседателската и парламентарната кампања побара на изборите на 8 мај сите граѓани да излезат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Сиљановска Давкова. Имено тој објасни дека ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас овозможуваат Али Ахмети, Артан груби, Бујар Османи и Крешник Бектеши да продолжат да го понижуваат целиот народ во Македонија.

-Има и такви кои седејќи одма пркосат на политичарите велејќи дека сите политичари се исти, дека се ќе биде како порано и наоѓаат некакво образложение зошто останале дома за изборите. Во суштина не разбираат дека и во тој случај гласаат, но гласаат за лошите политичари, за они кои ја ограбија, понижија и засрамија Македонија. Гласаат за Али Ахмети да продолжи да живее како блискоисточен шеик во својата хациенда во Зајас направена од ваши пари, да продолжат голобради момчиња да купуваат трговски центри во центарот на Скопје со вредност од неколку десетици милиони евра само затоа што се дел од семејството на Али Ахмети. Да продолжат луѓето кои што се дел од семејството на првенците на ДУИ преку своите фирми да имаат бизниси од неколку десетици милиони евра на грбот на граѓаните. Да продолжат Артан, Бујар, Крешник и останатите да ве понижуваат, да продолжат лагите, да продолжи раскошот во кои уживаат функционерите на ДУИ, за нив гласаат. Тие кои останаа дома, гласаа за нив, рече Мицкоски и порача:

-Затоа од овде од Чешиново-Облешево ги молат сите кои на 8 мај ќе бидат тука рано наутро да гласаат. Јас би сакал да гласат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и за кандидатот професорката Гордана Сиљановска Давкова.

Мицкоски во текот на своето обраќање се осврна и на програмата „Платформа 1198“ каде наброја дел од проектите со кои ќе се овозможи трансформација на Македонија.

-Трансформацијата содржана во нашата Платформа 1198 вклучуваме до 800 милиони евра за земјоделците, реконструкција и ревитализација на сите водоснабдителни системи за земјоделците, потоа имаме 5000 денари линеарно за сите пензионери во првата година и уште многу други ветувања. Затоа е многу важно да се избере оваа наша програма за да можеме да ја трансформираме оваа наша Македонија, рече Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски се заблагодари пред граѓаните за големиот резултат постигнат на 24 Април за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Сиљановска Давкова.

-Од Чешиново-Облешево и вие кои сте овде направивте исклучително голем резултат, благодарение на вас Македонија денес се чувствува повторно горда, а јас сум посебно горд што сум дел од овој процес. Посебно сум горд денеска од устата на 50 нови припадници на Министерството за внатрешни работи слушнавме една прекрасна песна „Бисер Балкански“ која за нас има едно посебно значење како народ, како држава, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

СИРИЗА за изјавата на Мицкоски: Го осудуваме новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители, наша цел е комплетна автономија на правниот систем без влијание од политика

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник, а продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

Предраг Петровиќ