Промо тв Серии

БЕСА – прва сезона

БЕСА е драма телевизиска серија од 12 епизоди. Во основа се занимава со односот помеѓу двајца херои, двајца луѓе од сосема различни светови.  Урош Периќ е сопственик на мала белградска компанија за транспорт на лекови што го покрива регионот на поранешна Југославија. Има сопруга и две деца. Една ноќ, кога еден од неговите возачи не може да патува до црногорското крајбрежје, Урош мора сам да ја вози испораката. На море, кај Улцињ, возејќи покрај брегот, неговото комбе се судира со автомобил управуван од млада, згодна Албанка.

Во болница, Урош дознава дека девојката е мртва, што го прави очаен. Девојката која загина во несреќата е ќерка на најголемиот балкански мафијаш Дардан Бериша.

Урош е префрлен од болница во истражниот затвор, а кога ќе излезе на слобода бидејќи навистина не е виновен за несреќата, го киднапираат луѓето на Дардан. Урош се среќава со Дардан, лице в лице и се обидува да се оправда, но Дардан решава да го убие, во согласност со законот за крвна одмазда. И тоа на најбрутален начин…

Фасциниран од Урош, Дардан решава сепак да го поштеди, под услов Урош да се согласи да  ликвидира неколку непријателите на Дардан. Луѓето кои треба да ги ликвидира се криминалци. За возврат, Дардан ќе го поштеди животот на Урош и неговото семејство. Дардан му дава БЕСА дека кога ќе изврши пет убиства, повторно ќе биде слободен, во спротивно, тој и сите членови на неговото семејство ќе бидат убиени. Урош се согласува бидејќи нема избор.

Серијата Беса беше снимена на повеќе од 200 локации, опфаќајќи повеќе земји, вклучувајќи ги Естонија, Србија, Црна Гора, Хрватска итн.

Серијата доби многу признанија, вклучувајќи Златна антена за најдобра ТВ серија, Златна антена за најдобра фотографија и Златна антена за најдобра музика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе