Дуплантис како Сергеј Бубка, осми пат сантиметар по сантиметар го подобрува светскиот рекорд во скок со стап (Видео)

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска на митингот од Дијамантската лига кој се одржа во Ксијамен, Кина, го собори светскиот рекорд во скок со стап.

Новиот светски рекорд изнесува 6,24 метри кој го прескокна во првиот обид и е за еден сантиметар подобар од претходниот рекорд, кој исто така беше во негова сопственост и изнесуваше 6,23 метри.

Ова е осми пат Дуплантис да го соборува светскиот рекорд во оваа дисциплина и тоа одејќи по стапките на легендарниот Сергеј Бубка, сантиметар по сантиметар да се подобрува рекордот.

Второто место го освои Сам Хендрикс кој прескокна „само“ 5,83 метри.

- Оглас -

Најнови вести