„И покрај сите разлики коишто ги имавме со тогашното раководство на СДСМ, секогаш кога беше државниот и националниот интерес на Македонија сме се обединувале, и сме биле едни покрај други. Денеска, за жал, оваа партија се претвори во ништо повеќе од еден измеќар на дел од раководството на ДУИ“, посочи Мицкоски
На парламентарните избори на 8 мај, граѓаните ќе избираат меѓу две опции, едната на актуелната влада во која што се СДСМ и ДУИ, односно неколкумина од раководството на ДУИ поддржани од измеќарите од СДСМ, и втората опција е ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и народот, порача на денешниот митинг во Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој изрази жалење затоа што, како што рече, СДСМ која во раните 90-ти години беше државотворна партија, сега се претворила во измеќар на ДУИ.
„И покрај сите разлики коишто ги имавме со тогашното раководство на СДСМ, секогаш кога беше државниот и националниот интерес на Македонија сме се обединувале, и сме биле едни покрај други. Денеска, за жал, оваа партија се претвори во ништо повеќе од еден измеќар на дел од раководството на ДУИ“,
посочи Мицкоски.
Мицкоски, осврнувајќи се на пораките на лидерот на ДУИ испратени од митингот на скопскиот плоштад, порача дека неговите закани не го плашат и истакна дека дента се видело кој е вистинскиот стопан во владата.
„Го слушнавте Али Ахмети пред два дена што зборуваше на скопскиот плоштад. Иако, би рекол, во паника и страв, тој изнесе неколку закани и навреди. Не дека тоа мене лично и ВМРО-ДПМНЕ нè заплашува, напротив, кога го имаме народот на Македонија покрај нас, нема сила која може да нè заплаши. Но симболиката, СДСМ скриена во едно сокаче таму со 2-3 илјади поддржувачи, а вистинскиот стопан во владата на плоштадот каде што јавно ги навредува чувствата на Македонците извикувајќи пароли коишто подразбираат директно нарушување на унитарниот карактер на Македонија. Тој настан во неделата ја симболизира вистинската слика во македонската влада. Кој е вистинскиот стопан, а кој е измеќар“,
изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
За својата партија и коалицијата која ја предводи тој, кажа дека не била секогаш идеална, но, како што истакна, тие никогаш на правеле статешки грешки како што правеле СДСМ.
„Не велам дека и ние секогаш сме биле иеални, идеални и безгрешни луѓе не постојат, но никогаш коалицијата којашто ја предводела ВМРО-ДПМНЕ во минатото не направила такви стратешки грешки какви што ги правеше во минатото, без разлика било која влада на СДСМ и коалицијата што таа ја предводеше“,
рече Мицкоски потсетувајќи на времето на транзицијата, промената на знамето, референцата ФИРОМ, територијалната организација, промената на името и на Уставот, како и „шверцерското прифаќање на бугарскиот диктат“.
Според него, тоа биле крупни и историски грешки со кои секогаш се удирало врз македонскиот идентитет.
Мицкоски на митингот во Валандово ги повика граѓаните на национално обединување.
„Вие не сте тие кои верувате во она во што се претвори СДСМ, вие не верувате во нивниот измеќарлук. Убеден сум дека не верувате во перформансите на Ковачевски, затоа ве повикуваме ние од ВМРО-ДПМНЕ на национално обединување за да извојуваме победа. Потоа може да продолжиме со нашите програмски разлики. Но, сега ова национално обединување е императив“,
порача Мицкоски.