Фудбал Кралевите во првото полуфинале во ЛШ гостуваат кај Баерн Минхен

Анчелоти: Луѓето веќе мислат дека сме се пласирале во финалето на ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја покажа својата типична смиреност пред утрешниот важен судир.

Анчелоти: Луѓето веќе мислат дека сме се пласирале во финалето на ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја покажа својата типична смиреност пред утрешниот важен судир.

„Белите“ гостуваат кај Баерн Минхен во првото полуфинале од Лигата на шампионите.

Во претходното коло, Шпанците го елиминираа трофејниот Манчестер Сити, но во долги периоди од дуелот беа надиграни.

– Малкумина очекуваа дека ќе бидам на оваа прес-конференција, прокоментира Анчелоти во главниот град на Баварија.

Тој е поранешен тренер на Баерн, каде за прв пат во кариерата доби отказ.

-Луѓето веќе мислат дека сме се пласирале во финалето во Лондон, но тоа не ме загрижува. Имаме самодоверба да се соочиме со противник кој сезонава не се снајде толку добро во Бундеслигата, но успеа да се носи со Арсенал. Историјата е важна во Лигата на шампионите и тоа е во наша корист, продолжи тренерот.

Во моментов, според Италијанецот, двата тима немаат јасен идентитет на теренот.

-Можеме да играме на различни начини. Сега не планирам ништо посебно во однос на тактиката. Ќе игра Чуамени, но не знам на која позиција. Милитао е здрав и достапен. Треба да бидеме внимателни, добро да се браниме, да не дозволуваме контранапади и успешно да напаѓаме. Кога си во полуфинале, мора постојано да бидеш на врвно ниво, истакна тренерот на белите.

To top