Рецепт за „лажна пица“: Многу поздрава од оригиналната верзија!

Во последно време, стануваат сè популарни т.н. „лажни“ пици чија основа не е тесто, туку зеленчук. Еден од почестите избори е модар патлиџан, а во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за кој ви се потребни само 3 состојки – модар патлиџан, слој сирење (моцарела и пармезан) и сос од домати.

Потребни состојки:
1 модар патлиџан (250-300 грама)
1 лажичка сол
3 лажици маслиново масло
2,5 лажички мешавина од италијански зачини
¼ лажичка оригано
10 листови босилек
30 грама рендан пармезан
50 грама моцарела
3 чешниња лук
400 грама домати

Начин на подготовка:

Исечете го модриот патлиџан на прстени со дебелина од два сантиметри. Ставете ги парчињата на хартиени крпи за да се впие вишокот течност и посолете ги од двете страни. Во тава загрејте две лажици маслиново масло, а потоа пропржете го ситно сечканиот лук. Додадете домати, две лажички италијански зачини и оригано и пржете додека смесата не се згусне. Изгмечете ги доматите со виљушка.

Намачкајте го садот за печење со путер и ставете ги круговите модар патлиџан. Додадете го маслиновото масло, како и преостанатата половина лажичка од италијанската мешавина од зачини. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови и печете 20 до 25 минути. Додека чекате да се печат модрите патлиџани, исечкајте ги листовите босилек и измешајте ги пармезанот и моцарелата. Врз печениот модар патлиџан ставете го сосот од домати, босилек, а одозгора нанесете го сирењето, па печете уште седум минути, додека пармезанот и моцарелата не добијат златна боја. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.