СПОРТФУДБАЛ

(ВИДЕО) За малку ќе се испотепаа за изведување пенал – срам за играчите на Челзи!

Фудбалерите на Челзи го совладаа Евертон со 6:0, но никој не зборува за тоа, туку за срамното однесување на играчите на „сините“ кои како деца во парк се расправаа кој ќе го изведе пеналот.

Кол Палмер беше стрелец на дури четири гола, но приказната не е за него, туку за Николас Џексон и Нони Мадуек, кои на средината од теренот се расправаа кој ќе го изведе пеналот.

Челзи доби пенал во 61-та минута откако Палмер беше соборен во шеснаесетникот на Евертон додека сините водеа со 4:0. Топката прво ја зеде Мадуек, а потоа Џексон му пријде и се обиде да му ја одземе, имаше дури и туркање, а Галагер се вклучи во дискусијата. Тие се однесуваа како деца, додека останатите играчи со неверување гледаа што се случува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button