Регион

Средношколците од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица ги збогатија своите знаења за наука и технологија при посета на УНИЛАБ лабораторија

Учениците од сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство имаа можност за посета на УНИЛАБ лабораторија во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Во рамките на оваа посета, учениците имаа можност да истражуваат и да учат за различни научни концепти и експерименти. Преку интерактивни демонстрации и практични активности, нивното знаење за наука и технологија беше зголемено. Оваа посета им овозможи на учениците да ги видат научните концепти во живо и непосредно да ги искусат, па на тој начин ќе се поттикнат и залагаат уште повеќе за своето научно образование.

Лабораторијата врши утврдувањето на застапеноста на хранливите елементи во ѓубривата; анализа на квалитетот на семенскиот и садниот материјал, детерминација и идентификација на присуството на болести и штетници кај растенијата и складираните земјоделски производи.

Посетата е организирана од ЗПГЦ Хорти Еко Струмица, финансиски поддржана од Г1 програмата на Општина Струмица во соработка со Меѓуопштинскиот центар за поддршка на бизнис претприемништво и земјоделство.

Препорачуваме:

Струмица формира волонтерски тимови за помош на возрасни, болни и лица со попречености

Сузана Мицева

Од обработливо земјиште до индустриска зона

Плата само за преживување, за храна и сметки

Стојне Митева