Сефтето ќе биде со лесни победи на домаќините, огромна понуда за бројот на поени, скокови и асистенции

Со дуелот меѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив вечерва ќе стартува првиот меч од плејофот во кошаркарската Евролига. Грчкиот тим, кој е фаворит на свој терен, има 10 победи по ред во сите натпреварувања, но и Макаби е во добра форма и има седум триумфи во низа.

Реал Мадрид, кој е бранител на континенталниот трон, не треба да има проблеми против Басконија. Сепак, неверојатно делува фактот дека Басконија има пет победи во последните седум средби со Кралскиот клуб.

За овие два натпревари има одлична понуда и за бројот на поени, скокови и асистенции на играчи кои треба да се појават на паркетот. На експертите нема да им биде тешко да најдат неколку кошаркари за вистинска комбинација во играта „плус-минус“.

- Оглас -

Најнови вести