Регион

Градоначалникот Костадинов го честиташе 18 Април – Светскиот ден на културното наследство

Симболот на Струмица – „Цареви Кули“, Манастирот „Света Богородица Елеуса“ (Милостива) во Вељуса, водочкиот манастирски комплекс „Свети Леонтиј“, струмичкиот комплекс цркви „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“, Римската терма во Бања Банско и струмичката „Орта Џамија“ се само дел од пребогатата ризница од многувековни споменици на културата во општина Струмица.

Ретки се градовите и општините во државата кои располагаат со такво грандиозно културно наследство, како што е нашата Струмица. Треба да сме горди на она што го имаме и да го чуваме како зениците во нашите очи, затоа што секој споменик на културата е историја, богатство и аманет од нашите предци.

„На сите вработени во НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“ – Струмица, но и на сите граѓани кои ја љубат материјалната оставнина од минатото, им го честитам 18 Април – Светскиот ден на културното наследство“, напиша градоначалникот Костадинов на својот фејсбук профил.

Препорачуваме:

Ликовна изложба во Ново Село

Сузана Мицева

Утре со свечен настан ќе се одбележи Денот на Црвениот крст во Струмица

Сузана Мицева

Пожарникарите интервенираат на гасење пожар во атарот на с. Костурино

Ѓ. K.