Вести Македонија Топ вести

Системот за кочење во автобусот на „Дурмо турс“ не бил активиран, за роднините на жртвите – супервештачењето е нарачано за да го спаси сопственикот на компанијата

Системот за кочење во автобусот на „Дурмо Турс“ не бил активиран, гласи еден од главните заклучоци на супервештачењето за сообраќајката кај Ласкарци во која животот го загубија 16 патници, а повредени беа 37. Според роднините на жртвите, тоа покажува дека вештачењето е нарачано и целта е да се исклучи вината на сопственикот на „Дурмо Турс“, Белули и обвинетите од станицата за технички преглед, а единствно виновен да биде возачот Трифуновски.

Обвинителот Дарко Јакимовски, преку серија прашања, се обиде да го оспори кредибилитет на четворицата вештаци кои го правеа машинскиот дел од супервештачењето. Адвокатите бурно реагираа, па на моменти беше и тензично во судницата. Јакимовски праша зошто само еден од вештаците има дипломирано на насока за моторни возила и механизација, а другите се со поинакви специјализации. Праша и зошто од 70 страни вештачење, само на седум има заклучоци и став на вештаците, а се друго е транскрипција од преходните вештачења.

Вештакот Зекири Зекирија одговори дека не е битно на колку страни е, туку што е напишано и смета дека тоа е доволно и соодветно. Јакимовски преку прашањата фрли сомнеж и дека селективно ги применувале и анализирале доказите. Адвокатите на обвинетите, прашањата на обвинителот ги нарекоа бесполезни и непотребни, а вештаците компетентни. Роднините на жртвите, пак, сметаат дека одбраната направила циркуз од судењето со дозвола на судијката, а дека обвинителот е единствена позитивна точка во овој судски процес.

Во судница треба да дојдат и тројцата вештаци за сообраќајното супервештачење. Судењето за сообракајната несрека кај Ласкарци поради супер вештачењето беше во застој 1,3 години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе