Избор умот да ти зајде и цени за сечиј џеб: Купувајте во Living Home Centar…. така парите ќе останат во Прилеп! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Често пати се случува да лутаме од салон во салон, од продавница во продавница и никако да не можеме да го пронајдеме за нас совршениот украс, детал, предмет за домаќинство и целосен ентериер кој сме го замислиле. Или пак, кога ќе го најдеме тоа што го бараме, цените се често напумпани и нереални.

И покрај тоа што во Прилеп се отворија повеќе продажни салони кои нудат разно разни украси и предмети за домаќинство, најдобриот избор го има само во  Living Home.

Прилепчани ќе речат: “Да ти зајде умот, има се’ и сешто, да не знаеш каде попрво да се опулиш”. И навистина се во право, во Living Home Centar ќе најдете се’ за вашиот дом, ама буквално се’.

Ако досега сте се двоумеле, или не сте поминале покрај нивниот салон лоциран на улица “Димо Наредникот”, сега е вистинско време за тоа.

Таму ќе наидете на вистинско царство од уникатни, модерни и впечатливи украси кои на вашиот дом ќе му пружат еден поинаков изглед на кој сите останати ќе завидуваат.

Умешноста на сопствениците и тимот на вработени е главниот “виновник” што буквално ќе не знаете каде попрво да погледнете. Секогаш се во тек со најновите трендови, а сето тоа успеваат да го состават онака да се допадне на сечие око.

Сите производи во Living Home Centar се со врвен квалитет, затоа што нивната мисија е задоволни и среќни муштерии кои повторно ќе се вратат.

Покрај уникатните декорации во Living Home ќе најдете се за вашата кујна, купатило, тераса…

Цел асортиман на садови за готвење, стаклени производи, прибори…

Уникатни нишалки, маси и столчиња во секакви облици, од секаков материјал, за сечиј вкус.

Цело царство на детски играчки, во секакви бои, за секоја возраст.

Голем асортиман на теписи, стази, детски килими од врвен квалитет.

Детска облека, плишани играчки, детски колички и детски постелнини со омилените цртани јунаци и фудбалски тимови.

За понешниот пол секаков вид на шминки, чанти, марами и мал милион други аксесоари и модни додатоци.

Ова е мал дел од огромната понуда на единствениот во Прилеп и целиот регион продажен салон со ваква намена. Ќе ги најдете во просториите на поранешно “Симпо” на улица “Димо Наредникот”. Купувајте се’ што ви треба на едно место и уживајте.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.