21.8 C
Скопје
19:03 - 17 мај, 2024

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

Бритни Спирс и нејзиното момче станаа главна тема на медиумите откако дошло до голема расправија меѓу двајцата.

Службата за итни случаи морала да одговори на инцидентот меѓу пејачката и нејзиното момче Пол Ричард Солиз кој се случил во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес рано наутро во четвртокот.

Според изворите, дошло до расправија,додека биле во овој луксузен хотел. Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврди за „Пејџ сикс“ дека повикот кон 911 (бројот за итни случаи во САД) се случил околу 12.42 часот.

Извор изјави дека Спирс го напуштила хотелот со обезбедување и дека сега е „дома и на безбедно“. Инаку, сведоците на настанот велат дека го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе додека во рацете држела перница.

По инцидентот, извори ексклузивно изјавија за „Пејџ сикс“ дека пријателите на пејачката сè уште се многу загрижени за нејзината врска со Солиз.

Во август 2023 година, се појавија гласини дека Спирс „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време велеа дека се загрижени за пејачката со оглед на неговото криминално минато. Судските записи, претходно добиени од страна на „Пејџ сикс“, покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и за кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

Потсетуваме дека Бритни се разведе со Сем Асгари, а разводот беше завршен минатиот четврток.

 

Слични објави

Луна ја покажа семејната идила: Вака Миљковиќ го поминуваат времето по скандалот со соседите

Еспресо

(Фото) Еве каде ѕвездата на „Гранд“ живеела со сопругот кој почина вчера: Станот полн со луксуз, во бањата има златна тоалетна школка…

Еспресо

(Видео) Зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ со скршена нога седи на столче, а водителот го турка

Еспресо

Принцот Вилијам ги „запира“ Хари и кралот Чарлс да се помират: Шокантни тврдења на пријателка на кралицата

еспресо

Милош Биковиќ првпат за скандалот поврзан со серијата „Белиот лотос“: Ми дадоа ултиматум, одбив

Еспресо

(Фото) ЗА ТРЕТИОТ СИН СИТНИЦА ОД 1.600 ЕВРА! Вељко Ражнатовиќ ги изнесе Богдана и Исаија од породилиште, еден детаљ падна в очи

еспресо
Се вчитува....