Поврзете се со нас

Англија

Разиграниот Челси потопи уште еден ривал од Лондон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Составот на Челси го уништи Вест Хем со 5-0 во денешното соочување на „Стемфорд Бриџ“ во рамките на 36. коло во Премиер лигата.

„Сините“ пред само неколку дена го надиграа и Тотенхем (2-0), а таа позитивна енергија ја повторија и против „чеканите“ кои потонаа и со тоа потврдија дека се далеку од посакуваната форма.

Се тргна од погодокот на Палмер во 15 минута за да во 30 веќе биде 2-0 со голот на Галагер. До крајот на првиот дел стрелаше и Мадуеке, а пак во вторите 45 минути мрежата на гостите ја затресе Џексон во два наврати во 48 и 81 минута.

Четата на Покетино сега е седма со 54 бода или има само два помалку од шестопласиранот Њукасл.

Во вториот меч во овој термин Астон Вила како гостин загуби од Брајтон со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни