Манчестер јунајтед игра дома, а преку 80 отсто мислат дека ќе загуби

Возбудувањата на Спортска прогноза продолжуваат со мечевите од 30 коло, каде предизвик ќе биде да се погодат фиксовите на 13 интересни мечеви кои следниот викенд ќе се играат во Топ 5 лигите во Европа.

Најатрактивен ќе биде дуелот на „Олд Трафорд“ каде Манчестер јунајтед е домаќин на Арсенал. Како некогаш, овој дуел може да решава за титулата во Премиер лигата, но Манчестер јунајтед овојпат не е во таква трка. Арсенал и Манчестер сити ја водат главната битка за тронот, па Топчиите се големи фаворити за победа, барем според досегашните прогнози.

Преку 80 отсто од прогнозерите очекуваат Арсенал да победи, а помалку од 10 отсто се оние кои веруваат дека Манчестер јунајтед може да победи, што е премалку посебно ако се знае дека игра на свој терен.

Интересно е дека на дури девет од понудените 13 дуели, прогнозерите веќе имаат фаворит за победа и тим на кој му даваат преку 60 отсто шанси за освојување на трите бода.

Како и во секое коло така и сега главен предизвик за играчите на Спортска прогноза е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 понудени натпревари. Подароци има и за оние кои ќе погодат 12 или 11 фиксови. Со 12 погодени се добива ваучер во вредност од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди 500 денари ваучер во Sport Life.

Не чекајте, прогнозирајте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести