Ливерпул со триумф против Барнли, повторно е лидер!

Ливерпул со 3:1 успеа да го победи Барнли и да ја оправда улогата на фаворит. Сепак не бепе така лесно за момците на Јирген Клоп, посебно во финишот на првото полувреме кога беше 1:1.

Сепак многу бргу, во 52.минута Луис Диаз постигна гол за водство од 2:1. Но тоа беше се, во 79.минута Дарвин Нуњез стрелаше за 3:1.

Со оваа победа Ливерпул се врати на чело на табелата, но има и меч повеќе од Манчестер Сити.

Инаку од клубот официјално објавија дека на денешниот меч на “Енфилд“ присуствувале 59.896 гледачи што е рекорд на еден меч во Премиерлигата на овој стадион.

На останатите мечеви Вулверхемптон дома загуби од Брентфорд со 0:2.

Тотенхем со гол во 90+6.минута го победи Брајтон со 2:1, Фулам славеше против Борнмут со 3:1, а Лутон дома загуби од Шефилд со 1:3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО