Мундијалско ехо: Енрике ќе добиел срцев удар, Нејмар нема да игра до крај

Шпанија загуби од Јапонија и како второпласирана оди во осминафиналето од Светското првенство. Тоа им носи полесен пат отколку да беа први, па некои се сомневаа во тоа дали можеби Шпанците загубија намерно.

Но, реакциите на Луис Енрике од клупата говореа дека тие ја посакуваат победата, тој беше исклучително бесен на своите фудбалери.

Во еден момент од мечот, кога Костарика поведе против Германија, Шпанија испаѓаше од СП, но за нивна среќа Германците на крајот победија.

– Навистина не знаев за резултатот од другиот меч, не знаев дека сме биле пред елиминација. Ако знаев ќе добиев срцев удар. Во фудбалот сè може да се случи, па нормално дека стравував од елиминација. Немаме време за славење, продолжуваме понатаму, а поразот од Јапонија ни е добра опомена, изјави Луи со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се сметаше на почетокот, пренесуваат бразилските медиуми.

А пак ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку што се сметаше на почетокот, пренесуваат бразилските медиуми.

Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на глуждот во првиот меч против Србија. Поради тоа ќе ги пропушти останатите два дуели во групата, а најверојатно и осминафиналето.

Денес вестите се уште позагрижувачки за „кариоките“ и според медиумите Нејмар има оштетување на лигаментите. Доколку тоа се покаже како точно, тогаш ќе мора да одмара уште три недели.

Тоа значи дека во најдобар случај Нејмар може да се врати во евентуалното финале на Мундијалот.

Од таборот на бразилската репрезентација во моментов не објавуваат никакви официјални рокови, но прогнозите се дека може да го пропушти остатокот од Мундијалот.

Претходна вестИ утринава лажни дојави за бомби во три училишта
Следна вестИндија ќе ги помине Германија и Јапонија, станува трета светска економска сила